Мора да се разграничи коронавирусот е заразен, алергиите не се!
Кивањето може да биде симптом и на корона и на алергија, сепак, зачестеното кивање и затнатиот нос се симптоми на алергија .Помалку вообичаени симптоми на коронавирус вклучуваат болки во телото, растечен нос, болка во грлото или дијареја.
Кои се главните разлики меѓу коронавирусот и алергиите?
Коронавирусот може да предизвика покачена температура, алергијата не може.
Алергијата се јавува со одреден вид чешање на очите, носот, гребење на грлото, додека короната не е проследена со тие симптоми.
Почетокот на пролетта обично носи добри вести, потопли температури, подолги денови, сезоната на настинки и грипови стивнува, но настапува сезоната на алергии. За жал, годинешната сезона на алергии се поклопува со коронавирусот.
Но постојат разлики помеѓу симптомите на алергија и оние на КОВИД-19, тие се:
Американскиот универзитет за алергија, астма и имунологија нагласува дека алергиите најчесто се јавуваат кога имунолошкиот систем реагира на нешто што кај другите е типично безопасно. За лицата што страдаат од алергии, тоа значи дека нивните тела реагираат на полен, цутење на дрвјата и разеленувањето на тревата. Симптомите на алергија најчесто вклучуваат:
- Кашлица, затнат нос и/или кивање
- Недостиг на здив
- Сува кашлица
- Замор
- Главоболка
- Чешање, насолзени и отечени очи, осип на градите, грлото и ушите
Што се однесува до КОВИД-19, Центарот за контрола и превенција на болести вели дека овој вирус е придружен со три главни симптоми:
- Треска
- Отежнато дишење
- Сува кашлица