Како да препознаете кога тинејџер ве лаже?!

0
238

Родителите често се во замката на тинејџерите кога е во прашање искреноста. Но психолозите во помош на родителите наведуваат неколку показатели, со кој лесно ќе препознаете дали вашето дете ве лаже.

Кажувањето на вистината и адолесценцијата не секогаш идат рака под рака, ова е еден интересен период во животот за секое дете но и родителот под рака. Често родителите влегуваат во вртлогот на тинејџерството и незнаат кога нивното дете е искрено што се одразува на нивниот однос, прави напнатост и негативна клима во домот.

Еве како би можеле да го препознаете своето дете кога лаже:

Бега од одговорност

Кога ќе забележите дека на поставено прашање веднаш се заштитува со: “Пааааа….“ вметнува небитни детали и непотребни информации, се обидува да ја смени темата, значи дека купува време и прави терен за бегство од темата.

Премногу гестикулации

Вие го прашувате дали нешто направил, а вашето дете почнува да се препотува, гестикулира премногу со рацете, често знаат да соблекуваат јакна (алишта), гризат нокти или усни. Што сево ова наведува на премногу гестикулации, непотребно искривување на вистината.

Одбива да слуша и почнува со агресија

Дете кое не е импулсивно или нервозно, а одеднаш покажува агресија, премногу лутина или на прашање веднаш се брани со напад, одбива да дослуша што му зборувате- тоа ве лаже.