Како да оставите добар прв впечаток?

0
157

Како мислите дека ве доживуваат луѓето? Според психолозите какво мислење имаме ние внатрешно за самите себе, така не доживуваат другите луѓе. Но еве неколку совети како да си ја зајакнете самодовербата и се претставите во вистинско светло:

Првиот впечаток е важен

Психолозите велат дека луѓето брзо носат мислење за другите по првиот впечаток. Кога ќе ве видат други луѓе тие го забележуваат она што очекуваат да го видат. Одлично е доколку луѓето имаат претстава за вас за паметна личност, наспроти тоа ако сметаат дека сте мрзелива. Психолозите на оваа тема велат дека токму првиот впечаток е оној кој долготрајно се врежува. Луѓето ја паметат првата информација која ја слушнале од вас, и не само работите што ќе ги кажете туку како изгледате, ставот, гестикулациите итн.

Секогаш ќе ви помогне насмевката, очите, директниот поглед со кој покажувате присутност во разговорот.

Фокусирајте се на потребата на соговорникот

Кога веќе сте сигурни во себе, посветите внимание на соговорникот. Нормално е да бидете загрижени за впечатокот кој го оставате, но одличен трик во овие ситуации е да бидете фокусирани на она што го сака соговорникот. Поставувајте прашања во знак на помош, бидете сконцентрирани на неговите желби како би можеле да најдете решение и едноставно бидете корисни. Секогаш ќе оставите добар впечаток доколку на соговорникот му покажете внимание во знак на помош.

Покажете скромност во сопствениот опис

Личноста со која се запознавате секогаш ќе се обиде да ве процени колку сте “опасни“. Скромноста е особина која секогаш ја неутрализира ситуацијата, доколку скромно се прикажете луѓето ќе додадат во просек 20 до 30 проценти повеќе на нивната прва проценка за вас.

Пуштете го соговорникот прв да зборува

Сигурно сте слушнале за советот, ракувајте се силно и поздравете со самодоверба, по новите истражувања на психолозите сепак тоа не е најбитното. Едноставно пуштете го соговорникот прв да зборува. А како? Па поставете му прашање, и нека биде опуштено секојдневно.

Заземете став

Докажано е дека говорот на тело директно влијае на сликата која другите ја формираат за вас. Така ако седите или стоите во моќна поза, ќе изгледате и ќе се чувствувате влијателно. Ќе ви биде полесно да донесете одлука со помалку стрес. Докажано е дека позата на стоење директно праќа сигнали на мозокот кој е спремен во дадената ситуација на одлуки. Пример: пред важни ситуации обидете се да стоите со одвоени нозе и раце на колкови.

Бидете љубезни

Доколку сакате да стекнете доверба на соговорникот во вас со цел на подобра соработка, потребно е да комуницирате на посебен начин. Покажете заинтересираност, загриженост, бидете добар слушател, зборувајте во прво лице множина, немојте да избегнувате тешки разговори.

Не гледајте во телефон

Избегнувајте гледање во телфон. Спуштањето на глава секогаш ве става во ситуација на помалку моќ. Најдобро е секогаш телефонот да ви биде во чанта.