Како да го започнеш и истуркаш денот!

0
642

Ова е период од годината во кој едвај стануваме од кревет, дури и кафето не олеснува за успешен старт…Еве неколку совети како да се започне и успешно заврши работниот ден:

Ако се будите додека сеуште е темно, вашето тело добива порака дека треба да продолжи да спие, можете да си олесните наутро со убави ритуали кои полесно ќе ве расонат. Секојдневната промена на ритуалите чини услуга на организмот.

  1. Станете чим ви заѕвони алармот, не одложувајте. Имате доволно време да се подготвите, утринско проветрување носи свежина во домот, направете си кафе и испијте го во тишина.
  2. Не знаете што ви носи денот, затоа појадувајте додека сте дома. Без разлика на годишното време житарките во комбинација со овошје ќе ви дадат одлична енергија.
  3. Туширајте се со млака вода. Совет плус, постепено намалувајте ја топлината на водата додека не стане ладна, и истуширајте се од нозете нагоре кон телото, на овој начин ќе го забрзате срцевиот ритам и ќе си овозможите доволно циркулација.

Подгответе се за се што носи денот, и најважно излезете со насмевка од дома и речете Carpe diem! (зграпчи го денот)