Ирина Шаик за јапонскиот Вог

0
423

Ирина Шаик уште еднаш покажа зошто е омилена во модниот свет.

Русинката овојпат ја освои насловната страница и едиторијалот за февруарското издание на јапонскиот Вог. Убавицата позира на Исланд, фотографирана од Џампаоло Скура. За насловната е облечена во комплетен Шанел изглед. Во едиторијалот пак, таа носи модни парчиња од зимските колекции на Валентино, Диор и Живанши.