Фокус на намерата-наместо на целта!

0
746

Зошто се повеќе психолозите советуваат дека патот до успехот го кочи фокусот на нашите мисли, како треба да бидат насочени?Дали самите си поставуваме блокада….?

Намерата не е само предмет за дискусија со пријателките на пример, во која само ќе повторуваме што сакаме да направиме, која е нашата намера….таа е многу повеќе од тоа-намерата всушност е нашиот пат до среќен и подобар живот.

Некој истражувања покажале дека само 8 проценти од нас навистина ја остваруваат својата намера.

Јачината на намерата е клучен елемент на договор кој го остваруваме со самите себе и кој ќе не доведе до целта која ја посакуваме. Намерата е верба, одлука и одлучност, доследност и воља нешто да се стори. Како афирмација, позитивна реченица, во која, по договорот со самата себе, ја поставуваме својата цел која треба да ја исполниме низ своите дела и настојувања да направиме се во наша моќ да дојдеме до целта.

Намера-пат кон подобар и посреќен живот

Намерата може да се однесува на било кое поле од нашиот живот, врските, работата, здравјето, духовното исполнување, развојот….Поставување на намера не потикнува да ги откриваме своите таленти и способности, да се потикнеме на креативност, мотивација, истрајност и трпеливост.

Во почетокот може да ви се чини дека не постои разлика помеѓу намерата и целта, но во секојдневниот живот често наидуваме на неисполнување на своите цели и при тоа ни се менуваат различни емоции како тага, лутина, разочарување, несигурност, страв…

Секој човек е преполн цели, и обично од една цел се раѓа уште една и така…Ги поставуваме кон тоа што мислиме дека ни треба, или има и ситуации кон тоа што некој друг смета дека ни треба. При тоа собираме информации кои секојдневно не “бомбардираат“, но она што навистина ни е потребно може да се разликува од она што мислиме дека ни е потребно.

Можете да се обидете и да ги визуелизирате остарувањата на целите, применувајќи техники на креативна визуелизација, што дополнително ќе ве мотивира и потикне. Но, кога поставуваме цел често се оптеретуваме себе кога ќе се оствари, што ќе се случи кога ќе се оствари….забораваме да го освестиме моментот во кој се наоѓаме во моментот и што баш во тој момент ни е потребно, што се случува во нашиот живот сега, тука….

Се прашувате ли што навистина вашата душа, срце и тело посакува?

Секој човек посакува да биде сакан, почитуван, прифатен,среќен и сигурен, често притоа поставуваме цели кои не потикнуваат од нашите вистински внатрешни потреби и желби. Намерите не се поставуваат мислејќи како ќе бидеме добри при остварување на некоја цел, и притоа кога ќе ја оствариме целта како ќе бидеме среќни и сигурни, сакани…тоа не се нашите вистински потреби и желби…

При поставувањето на намери треба да предходат неколку чекори, еден од тие е секако прифаќање на себе, на сите околу себе. При поставувањето на намерата секогаш е важно како се чуствуваме во тој момент, каква енергја преовадува во нас, зошто тоа чуство и таа енергија ќе го насочиме кон намерата. Се она што не опкружува во суштина нема никакво значење, туку ние самите, врз основа на нашите верувања, искуства, животни лекции, емоции, на одредени случувања има принесуваме одредено значење…

Кога ќе се прифатиме себе и светот околу нас, односно стварноста каква што е, лесно ќе ја препознаеме нашата намера. Животот секогаш ќе не става пред нови предизвици, а ние секогаш ќе им придаваме различно значење. Нашата вистинска намера секогаш ќе ја препознаеме следејќи го инстинктот и срцето, не разумот. Можеби сте се фатиле себе си како внатрешно си ја изговарате реченицата…“Она нешто ми кажува дека треба да постапам вака и вака…“Е тоа нешто длабоко во себе, секогаш ги знае вистинските одговори, само треба да се запрашате и да слушате….

Намерата секогаш ја поставуваме во сегашно време, како афирмација:

-“Имам одлична работа и уживам во неа“

-“Здрава сум, среќна и исполнета во својот живот“

-“Се прифаќам себе, ги прифаќам и разбирам другите“

Како да препознаете дали идете во вистинската насока водена од намерата?

Сигурно во животот, барем еднаш, сте направиле нешто неочекувано, навор од своите граници, нешто во што никој не ве подржал, ве нарекувале “луди“, но вие сте го направиле сепак тоа, зошто внатрешниот глас ве навел, дека вашето тело, дух и ум тоа го посакува….Тоа е патот кон вистинската намера, кога внатрешниот глас ви е толку силен и гласен да можете се да пребродите и да ја остварите целта.

Како секогаш да бидете во склад со намерата на вашето срце, вистинскиот начин е секогаш да се поврзувате сами со себе, низ мотивација или визуелизација, мир во природа или на било кое место во кое ќе издвоите и посветите време за себе. Верувајте во себе за да се движите во вистинската насока, таа верба и сила која ви ја дава намерата ве води кон чуството дека тоа е вистинскиот пат.