Елена Јовческа, девојката која од гајдата направи модерен инструмент!

0
450

1. Зошто гајдата беше твојот избор на инструмент?
-Не знам сеуште да одговорам на ова прашање затоа што идејата беше сосема спонтана бидејќи на мои 24 години открив дека поседувам талент за гајда….

2. Кој е твојот избор на музика за сопствена душа, што сакаш да слушаш?
-Па тоа што пеам и слушам меѓутоа многу сакам латино музика.

3. Неодамна ја објави твојата комплетно авторска песна “Не ме допирај“, поинаков стил кој досега го слушавме од тебе 🙂 која е приказната во песната?
-Текстот е љубовен. Сакав и направив песна различна од сите други и сум горда на самата себе. НЕ МЕ ДОПИРАЈ е песна која што многу и се допадна на младата популација и ми е драго за овај успех.
Во текстот се раскажува во сеќавање како некогаш имало љубов биле среќни и тоа исчезнало. Затоа и се вика НЕ МЕ ДОПИРАЈ!

4. Постојано си на пат Елена, и сега кога влеговме во екот на матурските прослави а и свадбите почнуваат, какво ќе бидем летово за тебе?
-Постојано во кола со куфери. Колата ми е како мини куќа хахахах…. Летниот период многу тешко се снаоѓам имам премногу ангажмани дури и моите родители не можат да ме видат како што треба.

5. Како го постигнуваш балансот во патувањата и домот, не е лесен биоритамот кој што го имаш?
-Воопшто не е лесно. Многу некогаш се осеќам премногу изморена од се. Од телефонот од тоа постојано да си достапен и да функционираш перфектно… Нели некогаш и јас не треба да сум перфектна!?!?

6. Што секогаш има во твојот куфер?
-Во мојот куфер хахаха преса за коса, 2 пара штикли, шминки и две комбинации на облека!

7. Кој ти се утринските ритуали?
-Ммм порано станував многу рано во 6ч сабајле и одев да трчам. Сега малку фаќам кривина ама ќе се вратам пак на стариот режим бидејќи се осеќам полна со енергија. После трчање доручек, па може да седнам малку да слушам музика, гледам на интернет што има, малку сум зависна од телефонот хахаха

8. Како изгледа еден твој ден?
-Фантастично, брат ми вика дека еден ден мој е ХАОС. Не можам да завршам се во еден ден. Се договараме нешто излегува друго, во превод ако може денот да се продолжи со уште 5 саати хаххахах. Не сум многу организирана во последниов период, а тоа е така бидејќи имам премногу обврски. ( обврска е и кафе пиење хахах )

9. На крајот од денот кога сите ги сумираме впечатоците од денот, со која мисла го завршуваш денот?
-Хахахаха пред да си легнам си викам самата себе ” УТРЕ КЕ СПИЕШ НЕМА ДА СТАНУВАШ РАНО ” и кога ќе станам сфаќам дека се лажам самата себе и дека не сум човек кој многу спие. Ранобудна сум….

10. Која според тебе е убава жена?
-За мене убава жена е онаа која и сјааат очите од среќа и е постојано насмеана и исполнета со многу многу љубов.

Погледнете ја “Не ме допирај“…