„Ѕвездата е родена“

0
1477

Светската премиера на филмот на Бредли Купер под наслов „Ѕвездата е родена“, во којашто главните ролји ги толкуваат самиот Купер и американската пејачка ѕвезда Леди Гага, се одржа на 75-то издание на Венецијански филмски фестивал. Од утре веќе ќе ги полни кино салите кај нас.

Филмот на Купер е своевиден римејк на филмот од 1973 година и зборува за музичарот Џексон Мејн и пејачката којашто штотуку ги прави првите чекори на сцената Ели. Таа е подготвена да ги напушти сите свои мечтаења за сцената, кога Мејн ја прави популарна. Но додека развојот на нејзината кариера добива нов тек, личните односи меѓу двајцата уметници наидуваат на сериозни искушенија.

Во филмот се слушаат оригиналните нумери напишани од Купер и Гага заедно со други музичари, меѓу кои Лукас Нелсон, Џејсон Исбел и Марк Ронсон.