Другата страна: Храната за бебиња во купечки теглички е подобра?

0
945

Мајките секогаш ќе се прашуваат дали прават се како што треба, ќе се проверуваат и по неколку пати, особено кога е храната во прашање.

Преминувањето на цврста храна, по 6 тиот месец, е стресен период. Секоја намирница треба да се воведува посебно, бебето да се навикне на неа, но и најважно да се следат реакциите. Секогаш се трудиме да купиме органски намирници, да не користиме адитиви, намирниците да бидат свежи, но и често не сме во можност да го контролираме квалитетот. Колку во нив се останати минералите и витамините и дали е тоа доволна количина за правилен раст на бебето.

По истражувањата на Абердинскиот Универзитет, родителите кои ги хранеле бебињата од свежи намирници подготвени исклучиво од нив, не биле во предност од родителите кои ги хранеле децата со купечки теглички во комбинација со свежи намирници. Студијата покажува, храната во теглички има поголема нутритивна вредност и помалку адитиви, додека во некој од подготвените оброци дома е пронајдена поголема количина на заситени масти и соли.

Тука истакнуваат и дека, секоја тегличка проаѓа многу ригорозна контрола на квалитетот. Со закон е пропишано, храната за бебиња не смее да биде ГМО, со конзерванси, додатни бои или ароми како и шеќер.

Кога ќе се споредат сите релевантни фактори (количината на намирници, минералите, незаситените масти, адитивите) истражувањата заклучуваат дека, домашните оброци вклучуваат разновидност во намрниците и сигурност во подготовката од родителите но не предничат во квалитетот од купечките каши.

Сепак, родителите знаат што е најдобро за нивното дете!