Домашен простор како место за фитнес

0
221

Низ изминативе години сведоци сме на огромниот раст на фитнес индустријата. Како наеднаш сите да се опседнати со одржување на фигурата, подобрување на физичката способност, и присвојување на еден стил на живот кој не уживаше толкаво внимание до неодамна. Доколку имате можности, можете и домашниот простор да го претворите во теретана.

Дневната соба е често идеалното место за фитнес, телевизорот е пред вас и можете да пратите упатства и програми небаре работите со личен тренер. Важно е да најдете соодветно место за јога чергичката, теговите, ластиците со отпор… Постојат и доста вратила кој се монтажни или пак едноставно се ставаат и вадат од касата на вратата. Во зависност од подот, препорачливо е да поминете со сува крпа веднаш после вежбањето бидејќи потта знае да го уништи паркетот па дури и ламинатот со време. Плочките се најлесни за одржување, и пружаат најголема цврстина, па доколку фитнесот е битен дел од вашиот живот, тие можеби се и најдобрата опција. Препорачливо е климата да не работи додека не завршите со вежбите. Но доколку имате гаража или подрум исто така можете да го искористите просторот за вежбање. Пристапот до сопствена гаража или подрум овозможува да направите цело катче посветено на фитнес. Статичен точак или пак лента, пилатес топка, мека основа на подот, тегови со различна големина… Сето ова е мала инвестиција за уживањето кое ќе си го пружите. Бенч клупа на подесување е една од најкорисните справи, особено бидејќи можете да почнете со додавање на опрема и тежина постепено, а со тоа и да заштедите. Подеслива клупа, челична олимписка шипка, пар рачни шипки и неколку плочки од 10 и 5 килограми. Овој сет ќе ви овозможи огромна комбинација на вежби, и брз прогрес во тежинскиот тренинг. Можете да наместите и вратило кое ќе ви овозможи неверојатен тренинг за грбот, рацете и рамената…)

Веќе нема изговори, само едно шише со вода до вас и почнете од денеска!