Disney го купи Fox за 74 милијарди долари

0
35

По едногодишниот процес на преземање, конечно беше објавено дека Disney го презеmа FOX. Сега Симпсонови, Аватар, Дедпул и суперхероите на Х-Мен официјално се дел од Куќата на глувците.

Преземaњето на “21st Century Fox” беше официјализирано во 12:02 по локално време. Ова значи дека Disney сега има целосна контрола врз целата содржина и интелектуална сопственост на оваа компанија. Покрај целосната филмска дивизија, Disney сега е сопственик и на дополнителни 30% од акциите во стриминг сервисот Hulu, така што тие сега се сопственици на 60%. Треба да се очекува дека во наредниот период Disney ќе ги откупи и другите акции.

Најпрофитабилниот дел од аквизицијата во вредност од над 74 милијарди долари е интелектуална сопственост на ликовите од филмовите и телевизиски серии. Бидејки Disney е сопственик на Marvel, сега X-Men се враќа во семејното гнездо. Ова им овозможува воведување на ликови како Вулверин, Фантастик Фор, и се разбира Дедпул во Марвел филмскиот универзум (MCU), што на компанијата ќе и донесе милијарди долари.

Сепак, исто така многу важен е и уделот во стриминг сервисот Hulu, за што Disney исто така има одлични планови. Еден од нив е излез на глобалниот пазар каде Netflix моментално доминира. Да се ​​потсетиме, Disney практично ја повлече целата содржина од популарниот сервис за да го создаде Disney +.

Како резултат на спојувањето на двете големи компании, ќе има дуплирање на позициите, што значи дека некои сектори ќе имаат вишок на вработени. Ова значи дека 4.000 вработени се очекува да останат без работа. Ова е оптимистичка бројка, со оглед на тоа што некои експерти очекуваат дури 8.000 откази.

Со оваа аквизиција, Disney станува апсолутен гигант во светот на забавата со кој ќе доминира во наредните години. Колку за потсетување, Disney е сопственик на Марвел, ESPN (најголемите американски спортски мрежи), Pixar, Lucasfilm, 21th Century Fox … Само Marvel Studios носи милијарди долари од супер-херојските филмови секоја година, а ова е само дел од приходите.

Дизни стана толку моќен што ние не би не изненадило доколку купи некоја земја во следниот период, на пример од Источна Европа, конкретно некоја од Балканот. Што мислите кој е најдобар кандидат за Disney country?