Детска авантура низ Скопје – Здраво Скопје

0
45

Денес, по повод 56 години од скопскиот земјотрес, се одржа првата скопска авантура „Здраво Скопје“ посветена на нашиот Град, а инспирирана од интерактивниот водич „Здраво Скопје“. Беше интересно, забавно и едукативно, со прекрасни моменти за паметење, со насмеани лица и одушевени погледи.

Посетивме неколку локации, меѓу кои: Градскиот парк (Мече и Школка), Старата турска чаршија и Сули-ан, Музеј на Град Скопје. Во слаткарницата „Апче“ нѐ почестија со колачиња. Се возевме со панорамски автобус на ЈСП – Скопје и разгледавме еден куп знаменитости. За крај, поделивме пофалници и се фотнавме со олдтајмерот пежо 404 кој датира од предземјотресно Скопје.

Авантуристи, набрзо ви закажуваме нова авантура! А дотогаш може да се подготвите читајќи го интерактивниот водич „Здраво Скопје“!