Денот на љубовта одбележан во боите и мирисот на Acqua di Parma

0
34

Денот на вљубените, Св.Валентин е создаден за убави изненадувања и за насмевки на лицата.

Токму затоа, минатата недела во чест на празникот, во парфимеријата Anabella Мериот на интересен начин беше празнично промовиран парфемот Acqua di Parma.

Симболично, со нагласување на жолтата боја и балоните кои мирисаа на Acqua di Parmа, случајните минувачи имаа можност да го почувствуваат мирисот на овој ексклузивен италијански бренд.

За посетителите на парфимеријата следуваа специјaлни изненадувања.

Аcqua di Parma е репрезент на повеќе од 100 години италијанска уметност со најфини техники на рачна изработка.

Секој од производите е направен во одделни избрани италијански работилници, каде што производните техники се тајно пренесени преку генерации. Секој примерок се изработува со исклучителнa трпеливост, време и посветеност според духот на најстариот господар занаетчија, користејќи само најквалитетни материјали – ретки, есенцијални масла, најчист восок, дрво и благородни метали, отпорни и визуелно фини кожени и квалитетни ткаенини. Најголемо внимание се посветува на најситните и финални детали.

Acqua di Parma е еден од водечките играчи на луксузниот пазар повеќе од 100 години правејќи серија од ремек-делата на традиционалните италијански уметници.