Дејвид Бекам повторно го владеете летниот стил

0
57

Иако викендов центарот на мото трките беа во Бахреин, сепак Бекам им ја украде славата на момент на сите натпреварувачи со неговиот беспрекорен стил. Можеби сме досадни со Бекам, но што да правиме кога дечкото знае добро да се носи и од кого можеме многу да научиме 🙂

Додека Бекам бил во посета на тимот на Ред Бул, тој на себе носел ленени панталони во комбинација со крем брел блејзер и сина кошула во риги. Со цел да ја направи оваа комбинација уште подобра, Бекс додал и жолто џебно марамче со точки.

Ова е пример како треба да се носи еден модерен маж во текот на летниот период. Поради потоплите температури, не значи дека костумот треба да го заборавите, едноставно треба да одберете посветли бои и лесни материјали како што е ленот.