Дали имаме враќање на култната ABBA?

0
445

Ние четворица, осетивме потреба, после 35 години, дека би било забавно да ги здружиме силите да отидеме во студио и да снимиме нова песна….Ова го изјавија членовите на светската поп сензација ABBA.

Соопштението го објавија на својот инстаграм профил:

“Одлука да се продолжи веќе постоечката ABBA аватар турнеја, имаше неочекуван пресврт. Ние четворица, почуствувавме, после 35 години, дека би било забавно да ги здружиме силите и да одиме во студио да снимаме. Тоа и го направивме. Беше како времето да застанало и ние како да сме биле на краток одмор. Неверојатно среќно искуство! Тоа резултираше со две нови песни, едната од нив е “I still have faith in you” (Сеуште имам верба во тебе) таа ќе биде издадена во декемви оваа година. Ние можеби сме постари, Но пената е нова!-“Стои во соопштението.