Дали и животот на Кралицата Елизабета Втора ќе се најде на тв екраните?

0
453

Светот наскоро ќе има можност да погледне серијал кој што е инспириран од животот на кралицата Елизабета Втора.

„Кралицата на светот“ (Queen of the world) е новата документарна серија во продукција на британската мрежа „ITV“.

Но она што го предизвика најголемото внимание во медиумите е враќањето на Меган Маркал, ова ќе биде првиот телевизиски проект на Меган Маркл откако се омажи со принцот Хари. Поранешна ѕвезда на серијата „Suits“, ќе даде низа на интервјуа, во кои ќе зборува за кралицата Елизабета.

Документарецот, кој се снима веќе една година, има „привилегиран пристап“ до кралицата, нејзиното семејство, персоналот и резиденциите.

Гледачите исто така ќе можат да видат моменти „зад сцената“, со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, како и со принцот Хари и војвотката Меган Маркл.

Queen of the world ќе започне да се емитува во Велика Британија кон средината на овој месец.