“Будење на свеста” од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ го доби своето трето издание

0
156

Книгата „Будење на свеста“ од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ, го доби своето трето издание. Книгата која претставува водич за лична и колективна преобрза побуди голем интерес пред македонската јавност. Будење на свеста е вистинска авантура  испреплетена со универзални знаења кои ќе ви овозможат да се спознаете себеси вистински, да се разбудите и свесно да креирате. Секој збор, секоја мисла во оваа книга е како нуркање во најдлабоките, најмагичните и најисцелувачките ритуали на постоењето.

“Третото издание на оваа книга во издание на Издавачки Центар ТРИ претставува голем поттик за нас како автори дека успеавме да направиме книга која е водич за личен развој кај секој читател. Личните искуства кои ги носиме со нас, гордо ги прераскажуваме со цел да направи една коллектвивна преобраза на публиката.” – изјавија Катерина и Радован.

Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ се автори кои за брзо време ја освоија читателската публика со својата прва заедничка книга. Будење на свеста е во континуиран фокус на македонските читатели од секоја возраст. Доказ за тоа се досега продадените повеќе од 2000 примероци кои ја инспирираат јавноста. За прв пат Будење на свеста беше промовирана и на англиски јазик на минатогодишниот Саем на книгата во Франкфурт.Посетителите на саемот имаа можност лично да се запознаат со авторите, и да остварат средби и соработка. Книгата „Будење на свеста“ беше објавена на почетокот на минатата година, и достигна голем интерес кај македонската публика