БОРБА ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТОТ

0
518

Лошата исхрана, стресот и пушењето се дел од факторите што влијаат врз појавата на целулитот. Со прекумерна тежина или пак слаби, според некои анкети, од 10 испитувани жени 9 имаат целулит. А многу често се јавува и кај мажите.

Фиброзниот целулит е тврд на допир. Лесно се препознава затоа што има пупчест изглед малку како „кора од портокал“ кој убаво се гледа со око. Овој вид на целулит е многу потежок за третмани, затоа што е многу често поврзан за староста и опуштањето на кожата.

Мрсниот целулит пак е многу мек при допир. Најчесто е предизвикан од лошата исхрана и недостаток на физички активности. Тој не е видлив како претходниот вид, но се прпознава со притискање на кожата. Не е болен при допир.

Исхрана полна со антиоксиданси ќе ја овозможи ефикасната борба со слободните радикали, од кои делумно и зависи појавата на целулитот. Флавонидите содржани во храната која е богата со витамниот Ц, се дел од антиоксидансите кои помагаат во подобрувањето на изгледот на кожата. Овошјето и зеленчукот со црвена или портокалова боја и зелениот чај, на пример, се извонредни антиоксиданси кои треба што почесто да ги користите во борба против целулитот.

Масажите пак, се извонредно ефикасни во борбата против сите видови целулит, затоа што помагаат во неговото „разложување“. Ефектот ќе биде поефикасен доколку се комбинира со специфична исхрана и физички активност.

Здравата исхрана многу помага во борбата како против целулитот, така и борбата против лошиот изглед на самата кожа. Исхрана богата со сол, гликоза (шеќери) и липиди (мрснотии), но сиромашна со растителни влакна, ги зголемува можностите за појава на целулитот. Еднакво треба да се ослободите и од белиот рафиниран индустриски шеќер, за да му дадете предност на посното месо, како и употребата на производи од житарки, надополнети со овошје и зеленчук.

Вежбите на мускулите ќе ви помогнат во согорувањето на маснотиите, а со тоа и да ги намалите условите за појава на целулитот.

Исправете се покрај ѕид свртени со грбот, наведнете се подвиткувајќи ги колената за да формирате агол од 90º. Треба скоро да се најдете во седечка позиција и во неа да останете едно 30 секунди, а потоа повторно кренете се. Повторувајте ја оваа вежба најмалку 3 пати. Потоа спружете се на едната страна, со нозете благо споени. Кренете ја едната нога и држете ја паралелно со долната неколку секунди. Со секоја нога направете ги овие вежби најмалку 10 пати.