Бесплатен појадок за сите медицински лица од инфективната клиника

0
73

Во овие моменти, кога грижата за другите е исто толку важна како и онаа за себе, ПЕКАРА ДИМАН која се наоѓа во Општина Центар, одлучи да донира појадок од својот широк асортиман за вработените на Инфективна Клиника во Скопје, во знак за поддршка и оргомна благодарност кон луѓето коишто несебично се залагаат и пожртвувано работат за доброто на сите.

Со ова Пекара Диман сака да ги поттикне и останатите компании да ја препознаат иницијативата и да ја покажат својата хуманост на дело. Бидејќи во оваа ситуација, навистина од секого зависи!

Пекара Диман воедно сака да истакне дека ги почитува сите препораки и одлуки на владата за заштита и превенција од коронавирусот и работи превентивно преку шалтерот за нарачки.