Baby Rave по втор пат во Скопје на 17. февруари

0
56

Време е за втор Baby Rave! Во недела, 17.02.2019 г. од 12.00 – 15.00 часот, во МКЦ Клуб и Ресторан по втор пат журка за бебиња и деца до 6 г. во придружба на возрасни.

Сред сивата и тмурна зима, Baby Rave е одлична можност да се забавувате со своите најмали во разиграна клубска атмосфера и заедно да уживате танцувајќи на електронска музика прилагодена за бебиња и деца. Придружете ни се на подиумот обоен со разнобојни светла и декорации. За уморните рејвери обезбеден е чил оут простор за одмор.

Билетите по цена од 100 МКД се наменети за возрасните, а влезот за бебиња и деца до 6 години е слободен. Билетите можат да се купат онлајн преку платформата www.kupikartizase.com или да се резервираат на babyraveSK@gmail.com.

Што треба да знаете за Baby Rave:

  • Baby Rave е журка за деца од 0 – 6 години во придружба на возрасни, иако и

постари братчиња и сестрички се добредојдени

  • Секое дете треба да биде придружувано од возрасен
  • Возрасните се одговорни за своите деца
  • На подиумот децата и возрасните танцуваат заедно
  • Групи сочинети само од возрасни лица не можат да присуствуваат
  • Јачината на музиката ќе биде прилагодена и потивка од вообичаените забави
  • Очекувајте разнобојни светла
  • Капацитетите за седење со ограничени
  • Колички за бебиња се добредојдени

Првата Baby Rave забава се одржа во мај 2018 г., на големо задоволство на малите посетители, но и на родителите, како сосема нова активност во која ужива целото семејство (https://www.facebook.com/events/440058136450855).

Фејсбук настан: https://www.facebook.com/events/372305919986232/

Онлајн продажба на билети: https://www.kupikartizase.com/Events/babyrave_vol2

Контакт е-маил: babyraveSK@gmail.com

Лица за контакт: Тина Митева – 072 213 035;

Илона Олехлова – 078 655 429.