Ако патот ве носи во Hollywood…еве каде со сигурност ќе сретнете позната личност

0
417

Ја чуваат својата приватност, но сепак и познатите сакаат да бидат забележани…

Ова се местата каде можат да се сретнат…

  • The Ivy

The Ivy е место пред кое без престанок стојат папараци. Веќе ви е јасно за каков профил на ресторан станува збор, дел од гостите кои може да ги сретнете се Mariah Carey, Ciara, Quentin Tarantino и Sharon Stone.

The Ivy е познат и по тоа што често е збирно место пред но и по доделување на престижни награди.

  • Sugarfish Sushi

Taylor Swift, Larryja David, Kylie Jenner i Charlize Theron, се само дел од гостите кои доаѓаат во Sugarfish Sushi да ја вкусат извонредната кујна. Местото е познато по готвачот Kazunori Nozawa кој покрај тоа што е мајстор кога е храната во прашање, своето знаење го пренесува и на гостите… Знае да прекори гости кои не јадат правилно, еве пример ако види дека соја сосот го мешаат со васабито или како директно “мацкаат “ во сосовите…апсолутно недозволиво, така се уништува вкусот на храната…

   

  • Giorgio Baldi

Доколку сте обожавател на Rihanna тогаш може да влетате во мисија да добиете маса во овој ресторан. Местото е исклучително познато по совршените тестенини и салати. Освен Rihanna во овој ресторан често може да ги сретнете и Jamesa Corden, Georgea Clooney или Kate Hudson.