Ако не сум пејачка, ќе сакав да сум доктор!

0
223

Убава.мк имаше чест да направи интервју со еден од најпозитивните ликови на македонската народна сцена. Ведар лик кој 21 година маѓепсува со гласот, а со изгледот ве остава подзинати, Даниела Темелковска!

1. Даниела 21 година се занимаваш со музика, би можела ли да се замислиш во друга професија и која би била таа?
-Бидејки сакам да им помагам на луѓето, би сакала да бидам доктор.


2. Плениш со бојата на гласот со кој оставаш впечаток дека би испеала се, што е твојот “фах“?
-Мојот фах се старите македонски песни.

3. Каква музика си слушаш преку ден, омилена група/пеач?
-Класичната музика ме опушта и ме релаксира, а омилен пеач ми е Александар Сариевски.

4. И во петтата деценија оставаш подзинати не само млади девојќи туку нема кој неможе да ти позавиди за изгледот, ќе кажеш дека гените даваат добра подлога но сепак кои се твоите ритуали за убавина?
-Нема жена што не е убава, за мене убавината доаѓа од внатре, здрава храна, малку спорт, секојдневна грижа за себе и сето тоа зачинето со љубов.

5. Без што не го започнуваш денот?
-Храна

6. Често патуваш, и сега се подготвуваш за Швајцарија заедно со синот Даниел на турнеја, што се има во твојот куфер?
-Секојпат сум скромна и си носам еден мал куфер со најнеопходните работи.

7.Сестра ти е задолжена главно за твојот изглед, но во што ти се чувствуваш најприродно и најубаво?
-Дома по пижами обожавам да седам, а надвор повеќето сакам по спортски да бидам облечена.

8. Која според тебе е убава жена?
-Секоја жена што се грижи за себе и за своето семејство и има време за се, за мене е најубава, не е се во убавината.


9.На крајот на денот, или за тебе во раните утрински часови 🙂 која е мислата со која го завршуваш денот?
-Да сум жива и здрава и секојпат вака да сум насмеана, весела и среќна.

10. Стих од песна кој ти останал засекогаш во паметење?
-“Незнам дали можам да заборавам, твојот насмев, твојот поглед мил” – Даниел Блажевски.