Ајде дојади без леб!

0
828

Што не треба да кажувате на детето кога јаде?

Исхрана

Кога е исхраната во прашање тоа е уште еден предизвик во воспитувањето за родителите. Однесувањето на детето кон исхраната е повеќе значајно од задоволувањето на физиолошката потреба, храната. Препораката на педијатрите и нутриционистите се однесува на воведувањето намирници, а комплетната исхрана на детето зависи исклучиво од родителите.

Додека јадат, не им ги кажувајте следниве реченици:

“Уште 3 залци и готово, ајде време за благо“

Потсетете се само на ефектот што ја имало оваа реченица на вас додека сте биле мали…Што би значела реченицава, да се најадам безврска за да добијам награда. Пред да ја кажете оваа реченица помислете, дали можеби сте ставиле повеќе од потребно во чинијата или дали и колку време помина од предходниот оброк…

“Добро дете, изеде се во својата чинија“

Запрашајте се дали добро дете значи само она дете кое се ќе изеде во чинијата?!

“Благото е нездраво, ние не го јадеме“

Оваа изјава секогаш има контраефект!Особено кога детето ќе порасне и ќе може самото да конзумира тоа што му било скратено.

“Имаме спанаќ за вечера, ти не го сакаш, ама ќе ти направам нешто друго“

Дали од љубов кон детето, треба да го усреќуваме на било кој начин? Спанаќот е одличен извор на железо, витамини, минерали, само ќе го ојача детето, обидете се така да му го претставите, па ќе зборуваме за ефектот…

“Зошто не си како сестра ти, таа изеде се во чинијата“

На овој начин ќе се створи одбивност, љубомора кон сестричката, братчето. Не би го сакале тоа!

“За моја љубов, уште едно парче“

Дали детето ја заслушува вашата љубов, само ако ја испразни чинијата?

Размислете за следново:

-како родители, секогаш бидете усогласени во барањата

-бидете доследни на тоа што го говорите

-понекогаш однесувањето на родителите е позначајно од самите зборови

-секој е личност за себе, така се постигнува самостојност, споредбите го прават спротивното

-мали деца=мал стомак=мала чинија

-љубовта не се искажува низ храната