6 врвови од 7 континенти-Браво за алпинистката Илина Арсова!

0
183

Македонската алпинистка, Илина Арсова го искачи врвот Пунџак Џаја, висок 4884 метри, кој се наоѓа во западна Папуа, Индонезија и е највисок врв на континентална Австралија со Океанија.

Ова беше нејзиниот шести врв по ред. Со нејзината мисија да искачи седум врвови на седум континенти сака да придонесе во зајакнување на жените преку спорт.

Во светот има 70-тина жени кои го комплетирале овој светски високогорски предизвик, а досега ниту една од Балканот, изјави Арсова за „Охрид њуз“.

На Арсова и останува да го искачи уште врвот Винсон на Антарктика, со што Македонија ќе се здобие со нов светски високогорски резултат.

Инаку, македонската алпинистка засега е единствената жена од Македонија која го искачила Мон Еверест, висок 8848 метри.

Драги пријатели, со мало задоцнување и уште еден нов врв, ви посакувам среќна и бериќетна нова година. 💝Врвот Пунџак Џаја или Карстната Пирамида е висок 4884м, се наоѓа во западна Папуа, Индонезија и е највисок за континентална Австралија со Океанија. Dear friends, a bit delayed and with another summit climbed, I wish you all a happy new 2019 💜#puncakjaya #7summits#fpsm #pktransverzalec

Posted by Ilina Arsova on Сабота, 05 јануари 2019