5 предлог книги кои ќе ве направат посилни во животот

0
103

Во време кога владее пандемија од коронавирус, и кога најважно од се е да бидеме совесни и да ги почитуваме сите мерки за превенција и спречување на ширењето на овој вирус, вложувањето во себе е можеби најдобрата работа која може да ви се случи.

По завршување на оваа пандемија, дел ќе излезете посилни од порано, ако прочитате некои книги од успешните луѓе.

Ви претставуваме 5 книги кои ќе ве направат посилни во животот.

1.Вие сте вашите верувања – Смиљан Мори

Нашиот животен пат е поплочен со верувања што се развиваат од најраното детство, па сè до последните часови на нашиот живот.  Ограничувачките верувања се честа причина поради која немаме самодоверба, остануваме заробени во комфорната зона и не го живееме животот што го заслужуваме.

Купете ја онлајн тука

2. КЛУБОТ 5 НАУТРО од Робин Шарма

Робин Шарма, највлијателниот стручњак за лидерство и најпознат по планетарниот бестселер „Калуѓерот што го продаде своето ферари“, се враќа во книжарниците со уште едно извонредно дело – „Клубот 5 наутро“ – посветено на сите што сакаат да го ослободат својот потенцијал и да достигнат врвен успех во приватниот и професионалниот живот.

Светски признатиот гуру Робин Шарма ви го претставува концептот на Клубот 5 наутро – докажан систем кој им помогнал на илјадници клиенти максимално да си ја зголемат продуктивноста, да си го подобрат здравјето и да уживаат во спокоен живот во ова динамично и стресно време.

Купете ја онлајн тука

3.Краток водич за долг живот – Дејвид Агус

Убавината на оваа е книга е што е кратка, јасна и без стручни медицински поими. Напишана да спречи, а не да лекува. Паблишерс викли 

Купете ја онлајн тука

4.Лидер без титула – Робин Шарма

Повеќе од петнаесет години најуспешните компании и најбогатите луѓе на светот ја применуваат формулата на Робин Шарма – еден од најбараните гуруа на денешнината. Оваа формула сега ви е достапна и вам, преку вдахновените пораки за тајните на успехот и личната среќа.

Без оглед на позицијата што ја заземате во компанијата и на моменталните околности во својот приватен живот, не заборавајте дека поседувате моќ да станете лидер. Оваа книга ќе ве научи како да ја стекнете оваа моќ и да го измените не само својот живот туку и светот околу вас.Дајте го својот максимум!

„Од калуѓерот што го продаде ферарито до лидер без титула, Робин Шарма нè води по вистинскиот пат. Врзете се и уживајте во возењето“.Кевин Робертс, Сачи & Сачи

Купете ја онлајн тука

5. Мисли и збогати се – Наполеон Хил

Мисли и збогати се е можеби најважната книга за успехот некогаш напишана, и поради неа Наполеон Хил се смета за татко на целата мотивациска литература што се пишува и денес.

Купете ја онлајн тука